Т: +389 2 5110 347

United KingdomGreat Britain  Macedonia

Чувствувај се добро користејќи геотермална енергија.

Вода - Вода и Земја - Вода топлинските пумпи ја користат бесплатната енергија од околината, работат без емисии во самиот објект при што не им е потреба посебна машинска соба.

Енергијата од земјата или од подземната вода е особено употреблива за системи за греење и за да се загрева водата со електрична енергија.

Со овие топлински пумпи се обезбедува ефикасно греење и ладење на еколошки начин, користејќи еден од 150 различни системи со IDM TERRA топлинска пумпа за нови објекти или при реновирање.


ТОПЛА ВОДА СО HGL
ТЕХНОЛОГИЈА

HGL технологијата е способна за симултано производство на температури до 60°C за санитарна топла вода и 35°C за греењето.

IDM Terra топлинските пумпи со HGL нудат не само двапати повеќе удобност, но исто така помагаат да се заштеди дополнително енергија и придружни трошоци. Оваа технологија ја дели енергијата соодветно : 85% од енергијата оди во грејното коло на 35°C. Вториот дел достигнува околу 60°C и е достапен за топла вода преку Hygienik баферот. Благодарение на баферот и HGL, топлинската пумпа поретко се вклучува и исклучува. Со тоа се зголемува работниот век на компресорот.