Т: +389 2 5110 347

United KingdomGreat Britain  Macedonia

Одвлажнувачи

 

Индустриски одвлажнувачи за пливачки базен со висока ефикасност на рекуперација, предвиден за регулација на влажноста во просторот или превенција на кондензација, дури и при 24 часовна работа каде е потребно константно одржувањње на бројот на измени на воздухот.

Ладилниот циклус се одвива во куќиште изработено од врвни компоненти, во согласност со директивата 97/23/EC за сите операции за заварување и тестирање. Ладилен флуид R410A.

Компоненти: завоен компресор, молекуларен филтерски сушач, термостатски вентил, индикатор на течност, електромагнетен вентил, вентили за контрола и/или одржување, топлински изменувач, бакарни цевки и алуминиумски ребра.

Радијални вентилатори со повратни лопатки, директно прицврстени на перманентниот магнетен мотор без четкици, поради што и се обезбедува намалена потрошувачка на енергија и емисија на звук. Ова решение овозможува автоматкска контрола на протокот, со што се овозможува самостојна калибрација на единицата без мануелно подесување на клапните, секогаш одржувајќи го посакуваниот проток.