Т: +389 2 5110 347

United KingdomGreat Britain  Macedonia

Соларна енергија

Секој ден сонцето ослободува огромно количество на енергија- 100% чиста и 100% бесплатна.
За добивање на топла вода и греење во објектот, ништо не може да се спореди со соларните термални решенија. Во соларните термални решенија топлина се користи директно, наместо да биде префрлена во друг вид енергија. Ова ги минимизира загубите на енергија и  резултира во зголемена ефикасност во споредба со било кое друго решение за греење.

 

solarna-energijaЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Соларната енергија не загадува; ефикасна е и не прави никаква бучава. Соларната енергија избегнува експлоатација на природата и помага во зачувувањето на нашата планета!

 

 

 


ЕКОНОМИЈА solarna-energija-1

После инсталацијата, енергијата која ќе ја добивате од соларното решение е бесплатна. Колку повеќе ќе се зголемува цената на нафтата и гасот толку поголеми ќе ви бидат заштедите.

 

 


solarna-energija-2НЕЗАВИСНОСТ

Ефикасното соларно решение ќе ви даде можност да добиете независност од традиционалните енергетски снабдувачи и помага да се задржат трошоците за енергија на ниско ниво.

 

 

ВИСОК ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЗАШТЕДИ СО ТОПЛА ВОДА И ГРЕЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ

Општо земено 2/3 од трошоците за енергија во домаќинствата доаѓаат од топла вода и греење, и за среќа соларните решенија се најефикасните решенија за топла вода и греење кои ви нудат највисок потенцијал на заштеди.  

 


solarna-energija-4ТОПЛА ВОДА solarna-energija-3

Соларните решенија за топла вода можат да покријат до 75% од вкупните потреби за свежа, хигиенска топла вода.

 

 


 

solarna-energija-5ГРЕЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ

Соларните решенија за поддршка на греењето можат да покријат до 40% од потребите за греење н а објектот покрај горенаведеното производство на топла вода. Искомбинирајте го решението со вашата топлинска пумпа и покријте 100%!