Т: +389 2 5110 347

United KingdomGreat Britain  Macedonia

Начин на работа

 

nacin-na-rabotaСонцето е неограничен извор на енергија. Ако сакате топла вода, греење во објектот или греење на базен, соларните термални инсталации се решение за вас. Се состојат од серија од колектори на покривот, бојлер за санитарна топла вода или греење, хидраулични модули и контролна единица. Колекторите ја апсорбираат радијацијата од сонцето, хидрауличните единици ја пренесуваат топлината до бојлерот каде централно се зачувува и понатаму се дистрибуира за да се произведе вашата санитарна топла вода, да се загрее објектот или да се загрее вашиот базен.

Ако сонцето зрачи помалку енергија отколку што е потребно, топлинската пумпа е одличен дополнителен систем за добивање поголемо количество на енергија од сонцето користејќи го околниот воздух, земјата или пак, подземната вода.  Ова значи дека нема да ви биде повеќе потребно дополнително греење.

 

1.    КОЛЕКТОРИ

Кога сончевото зрачење ќе го погоди колекторот се загрева течноста во внатрешноста на колекторите. Дури и на облачни денови колекторите се во состојба да апсорбираат радијација од сонцето.

2.    СОЛАРНИ ЦЕВКИ

Кога температурата на течноста во колекторот е доволно висока, започнува транспортот на топлина преку цевките до бојлерот.

3.    БОЈЛЕР

Бојлерот функционира како централно складирање на топлина и се полни (загрева) преку високо ефикасна соларна пумпна единица. Во комбинација со посебниот дизајн на бојлерот и софистицираната техника за полнење, резултатот е извонредна ефикасност.

4.    МОДУЛИ

Покрај високо ефикасната соларна пумпна единица која ја пренесува топлината од колекторот до бојлерот, таканаречениот модул за свежа вода и грејниот модул ја пренесуваат енергијата до таму каде што е потребно.

5.    ТОПЛА ВОДА

Модулот за свежа вода обезбедува – според принципот за континуиран проток и најмали загуби во мирување – хигиенска без ризик од легионела, санитарна топла вода кога е потребна во количина колку што е потребно.

6.    ГРЕЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ

Грејниот модул е дизајниран за работа на мешани грејни кругови на пример, подно греење или радијатор.

7.    ТОПЛИНСКИ ПУМПИ

Кога енергијата од сонцето не е доволна за да се задржи температурата во бојлерот и да се покрие побарувачката на енергија за објектот, топлинската пумпа е идеална за се произведе потребното дополнително греење. Топлинската пумпа ја користи температурната разлика на воздухот надвор од куќата, на земјата или на подземната вода како извор на енергија.

8.    БАЗЕН

SONNENKRAFT соларните решенија дополнително можат да се користат за да се загрее базен, на отворено или во затворено.