Начин на работа на фотоволтаичните системи
.
Енергијата од сончевото зрачење е најобилен, неисцрпен, бесплатен и обновлив извор на енергија, која не ја загадува околината. Токму поради овие предности се помасовно е инсталирањето на фотоволтаични системи, уреди за конверзија на сончевата енргија во електрична.
Основни карактеристики на фотоволтаичните системи:
• едноставност, доверливост и ниска цена;
• можност за интегрирање во постоечката архитектура на објектите и на постоечката електрична инсталација без дополнителни трошоци за земјиште;
• нема потреба од локални акумулатори на енергија бидејќи дистрибутивната електрична мрежа е резервен извор на енергија;
• во објекти со многу клима уреди, дневниот максимум на потрошувачката се совпаѓа со максималната моќност на сончевото зрачење т.е. фотонапонскиот систем генерира максимална моќност кога е најпотребно и така го смалува вршното оптоварување во мрежата;