Т: +389 2 5110 347

United KingdomGreat Britain  Macedonia

Извори на енергија

1.1.1Геотермалната топлина е обновлив вид на енергија. Од длабочина од  20m под површината, температурата е константна +10°C без сезонски осцилации. Оваа конзистентност обезбедува енергија за греење во зима и е идеална за ладење во лето. Високите температури во јадрото на земјата (над  1,000 °C во 90% од Земјиното јадро) обезбедуваат обновување на енергијата од дното. Сончевата радијација ја загрева земјината површина.

Разликуваме четири форми на геотермални топлински инсталации:  длабоко дупчење, површински  колектори,  директна експанзија од рамните колектори и употреба на подземни води. Овие четири претставуваат најчести варијанти и поради оваа причина, тие се опишани подетално понатаму. Складирање на мраз, геотермални топлински кошеви и сонди се само мал дел од другите методи.  


1ДЛАБОКО ДУПЧЕЊЕ

Топлинските пумпи со длабоко дупчење се најсигурната варијанта: бараат минимален простор, имаат долг животен век и се погодни за греење и климатизација.

Геотермалната сонда се состои од пластични цевки кои апсорбираат слободно достапна топлина кога низ нив минува соле раствор. Енергијата се користи во колото во топлинската пумпа за да испари ладилното средство.

После 20m длабочина, земјата има константна  температура од +10°C – со исклучок на сезонски осцилации. Оваа конзистентност обезбедува топла соле температура во зима и е идеална за ладење во лето.

Должината на сондата зависи од побарувачката за греење на објектот, саканата собна температура и се разбира, исто така и од потрошувачката на топла вода. Исто така треба да се земат во предвид и својствата на почвата. Излезот на почвата може да биде толку ниско, како  20W/m, но во најповолни случаи, тоа може да се зголеми и до 80 W/m. Таквата разлика може да ја зголеми потребната длабочина за дупчење за околу четири пати!


 
2РАМНИ КОЛЕКТОРИ

Рамните колектори се евтини за инсталирање, ама им е потребен голем простор.

Геотермална топлина од рамни колектори

Рамните колектори генерираат енергија од сонцето и дождот. Како резултат на тоа, почвата над рамните колектори не може да биде покриена: без асфалт, бетон и друго. Исто така, не може да се сади вегетација со длабоки корени.

Рамниот колектор како извор на енергија за топлински пумпи е особено рентабилен и затоа најчесто се користи за големи простории. Неколку стотици метри од пластични цевки се поставуваат на 1.2-1.5m под површината (поточно: 30cm под мраз линијата). Антифриз средство се пумпа низ пластичните цевки за да се искористи бесплатната геотермална енергија.

Должината на цевките и површината која ќе се користи зависи од потребите за греење на објектот и грејниот излез на почвата. Како правило, се пресметува двоен простор од оној за живеење во внатрешноста на просториите. Сепак, бидете сигурни дека сте ја пресметале потребната област.

 

3ДИРЕКТНА ЕВАПОРАЦИЈА

Директно испарување е најефикасната геотермална топлинска апликација за ограничени простори.

Геотермална топлина со директна евапорација

Рамните колектори со директна евапорација се особено ефикасни. Ладилниот медиум циркулира директно низ хоризонтално поставените бакарни цевки со пластични спојки, околу 1.2-1.5m под површината (30 cm под мраз линијата). Како резултат на тоа, „испарувачот“ на топлинската пумпа е во вашата градина. Системот е многу сличен со соле-површинскиот колектор. Сепак, бидејќи не постои пренос на топлина од соле кругот до разладувачот, системот е уште поефикасен од соле-површинските колектори. Како резултат на тоа неговото работење троши помалку електрична енергија и колекторот бара помалку простор.

Една посебна карактеристика која се однесува на рамните колектори со директно испарување за топлински пумпи е дека колекторот мора многу прецизно да се постави.  

 

4ПОДЗЕМНИ ВОДИ

Технологијата на подземни води е многу ефикасна и бара малку простор: енергијата се извлекува од земјата со помош на два бунари.

Геотермална топлина од подземна вода

Подземната вода е исто така помеѓу „извори на геотермална енергија“. Потрошувачката на енергија на топлинските пумпи со подземна вода е помала во однос на другите системи со топлински пумпи.  Додека температурата на антифриз средството во длабоко ископаните сонди е околу +5°C кога ќе стигне до испарувачот на топлинската пумпа,температурата на подземната вода е +10°C, а во некои области речиси достигнува и до 20°C. Ова ја намалува потрошувачката на енергија на топлинската пумпа и, следствено, ја зголемува нејзината ефикасност.

Подземната вода се превзема од бунарот за снабдување, се води преку безбедносниот топлински изменувач и се враќа во циклусот на подземна вода преку бунарот за одвод. Безбедносниот топлински изменувач ја пренесува топлината од подземната вода до соле кругот кој е интегриран во испарувачот на топлинската пумпа. Овој дизајн ги спречува скапите штети кои можат да настанат во разладното коло.

Како и длабокото дупчење, и подземната вода исто така е идеална за пасивно ладење.