Т: +389 2 5110 347

United KingdomGreat Britain  Macedonia

Омекнувачи на вода

1.2 softeners haut tУживајте, заштитете се и заштедете со системите за омекнување на вода од BWT

Сè започнува со утринското туширање. Секој што ќе ја почувствува свилено меката бисерна вода на својата кожа, никогаш повеќе нема да сака да го пропушти чувството на благосостојба.

Со мека вода можете да ја претворите вашата бања во оаза на здравјето. Меката бисерна вода на BWT прави да ја чувствувате вашата кожа значително понежна, а сјајната, свилена коса ја подобрува вашата благосостојба уште повеќе. Чувството на луксузност продолжува кога ќе излезете од тушот и ќе ги допрете меките пешкири и нежни бањарки кои биле исперени со меката вода со која се снабдува вашата машина за перење.  
Доколку сакате вашата вода во домот да биде нежна како топол летен дожд, инсталирајте систем за омекнување на водата BWT AQA perla.

 

 

 

 



Третман за убавина за Вашиот дом

Системот за мека вода може да направи дури и повеќе. Меката бисерна вода на BWT со својата ниска содржина на калциум ја штити опремата, плочките и тушот од непосакуваниот бигор. Бањата задржува постојан сјај, со што значително се намалува потребното време и напор за чистење. Меката вода го штити целиот систем за топла вода и гарантира дека сите апарати што се поврзани со него, на пример, машина за перење и машина за садови, се заштитени од бигор (исто можат да се применуваат и за кафемати и термо бокали). Со тоа се намалуваат трошоците за поправки и се продолжува оперативниот живот на апаратите.

Уживајте во свилено меката бисерна вода на BWT и заштедете пари  

Како и доброто застаклување, така и инсталацијата за омекнување на водата има позитивен ефект на вашиот домашен буџет, бидејќи го отстранува калциумот од водата. Слој на бигор од 2mm на грејните површини или изменувачите на топлина на бојлерите или термо бокалите може да го зголеми користењето на енергија и до 20%. BWT системот за омекнување на водата го намалува наталожувањето на бигор, па оттука и потрошувачката на енергија, што е одлична вест за животната средина, како и намалувањето на употребените сретства за чистење и детергенти за 50% благодарение на свилено меката бисерна вода на BWT.

Резиме на придобивките

Искусете го незаборавното чувство на свилено мека бисерна вода од BWT:

  • - Освежувачкото нежно пецкање во тушот
  • - Забележливо мека кожа и сјајна, свиленкаста коса
  • - Нежни, меки алишта
  • - Намалено таложење на бигор на елементите и плочките и во цевководот
  • - Светкави чаши и брилијантен прибор за јадење
  • - Продолжен оперативен век за апаратите за домакинство
  • - До 50% помала потрошувачка на детергенти, средства за чистење и за дезинфекција
  • - Помали трошоци за енергија и греење

Сигурен, врвен систем за мека вода

Бигор може да се појави секаде каде што има, тече или капе вода, поради калциумовите и магнезиумовите јони кои се раствараат во неа и создаваат тврда вода. BWT системите за мека вода се базираат на класичниот процес на јонска размена, кој ги користи природните процеси да се намали содржината на калциум од водата за пиење.

Како работи ? Со BWT системот за мека вода, „тврдата“ вода тече колумни со јонска размена, кои содржат специјална смола (колумни со смола). Ова ги отстранува калциумовите и магнезиумските јони растворени во водата и ја омекнуваат. Во текот на регенерацијата, специјалната смола се чисти со благ физиолошки раствор, кој повторно ги испуштаат калциумовитеи магнезиумовите јони да се испуштат со водата за испирање. Физиолошката (солена) вода и водата за пиење поради тоа никогаш не доаѓаат во контакт една со друга, така и системите за регенерација и системите за вода за пиење се комплетно одвоени. На овој начин     BWT системите за мека вода гарантираат најдобар квалитет на водата за пиење.

 

1.2 AQA perla Produkt des Jahres 240 enНајдобар производ за годината 2012

AQA PERLA системот за омекнување на водата ја има добиено наградата Plus X Award, интернационалната награда за иноватвна технологија.