Т: +389 2 5110 347

United KingdomGreat Britain  Macedonia

BWT AQA perla

  • Мека вода 24/7 со наизменичен начин на работа
  • Работа со заштеда на ресурси преку прецизна салинизација и едноставно користење
  • Погоден за куќа за 1–12 лица и во најфреквентните периоди

BWT AQA perla – свиленкасто-мека BWT ‘бисерна’ вода за подобрена благосостојба

Замислете да ја вклучите чешмата и да почне да тече свиленкасто мека BWT ‘бисерна’ вода на вашите раца. Секој туш и бања стануваат велнес искуство. А, потоа ја облакате и вашата неверојатно меката бањарка, благодарение на перењето на алиштата со свиленкасто меката BWT ‘бисерна’ вода.

Свиленкасто-мека вода која ги заштитува вашите бањи и кујни

Наслагите од бигор се јавуваа на туш кабините, плочките и чешмите не само што се неубави за гледање, исто така го скратуваат периодот на користење на истите. Меката BWT ‘бисерна’ вода може да ја спречи оваа појава и да помогне да се одржи вредноста на истото. Појавата на бигор може исто така да им наштети на цевките и на целиот водовод со многу опасни и скапу последици. Единствениот препорачан начин да се справите со тврдата вода тоа е да го инсталирате DVGW- сертифицираниот систем за омекнување на водата AQA Perla!

Високо ефикасна технологија за поголем комфор

Како и сите BWT системи за омекнување на водата, AQA исто така се базира на класичниот процес на размена на јони – вклучувајќи многу технолошки карактеристики како што се прецизната салитизација, ‘паметно’ мерење преку екранот на допир со многу информации и максимално лесно управување.

AQA perla го користи уникатниот алтернативен оперативен режим за дуплекс системи за омекнување на водата кој ги следи волуменот и нивото на хигиена. BWT го оптимизира прилагодениот начин на работа за да го скрати значително времето на работа на колоните на омекнување, што во суштина значи дека секоја колона е управувана од микропроцесори и се активира посебно во пократки интервали. Поради тоа, секоја премногу тврда вода ќе тече наизменично низ двете колони.  

Минималното време на работа, со користење на режимот на работа со скратено работно време, гарантира максимална безбедност на хигиената. Откако ќе се постигне претходно утврдениот резидуален капацитет, првата колоно го превзема работењето додека втората колона се префрла во режим на регенерација. Ова значи дека водата никогаш не останува во една колона многу долго време, туку постојано се движи и останува неверојатно свежа.

 

Многу информативно и екстремно едноставно за употреба

Режимот на работа на AQA perla системот за омекнување на вода е најекономичен со комбинацијата на прецизна салинизација и шемите на регенерација кои се регулирани со притисок. Кога е вклучен AQA perla, авто-тестот се врши автоматски за сите важни функции на системот. Покрај тоа, хигиенско плакнење може да биде програмирано да се изврши после долг период на неактивност, слично како кај филтрите кои се испираат и потсетниците за замена на филтри. Се проверува доводот на вода дали е со многу мал притисок на пример, кога има проблем во водовотот во домот со користење на Aqua-Watch добивате предупредување за дефект или за невообичаена потрошувачка на водата.

Графичкиот екран на допир исто така го олеснува работењето така што им овозможува на корисниците да ги следат сите важни параметри на системот. На пример, волуменот на протокот при работењето се прикажува во l/h и резидуалниот капацитет во литри, кои исто така можат да бидат прикажани и во графикони. Исто така можат да бидат внесени и контакт информациите на инсталатерот за полесено контактирање.

Свилено – мек луксуз кој ви заштедува пари

Новата функција на паметно мерење е особено интересна; Сите податоци за потрошувачката и протокот се снимаат преку контролите на микропроцесорот и можат да се прочитаат преку USB интерфејсот. Покрај податоците за потрошувачка ( максимална брзина на проток во текот на последните 24 часа, просечна максимална брзина на проток), потрошувачката на сол и вкупниот број на регенерации, корисниците исто така можат да генерираат и неделен профил за секоја календарска недела. Овие интелигентни функции помагаат да се намалат оперативните трошоци и да се минимизира потрошувачката на сол и водата за плакнење.

AQA perla снабдува до 12 луѓе со омекната вода 24 часа на ден, без недостатоци на снабдувањето, дури и во периоди на најголема побарувачка. Повторното полнење е многу ретко со резервоарот со голем капацитет од 50kg. Четиричлено семејство конзумира околу 200 кубни метри вода годишно. Со тврдоста на суровата вода од 20° dH и намалувањето на тврдоста од 8° dH, AQA perla троши околу 88kg од агенти за регенерација на годишно ниво. Заради тоа, резервоарот за регенерација не треба да се полни повеќе од два пати годишно.

Главни карактеристики:

  • - Омекнување или делумно омекнување, на вода која е за пиење и која не е за пиење, со користење на процесот на јонска размена
  • - Комплетно автоматски дуплекс систем за омекнување
  • - Soft Control T – нов, интелигентен контролер
  • - Екран на допир со многу информацииза максимална употребливост
  • - Паметно мерење – вредностите на потрошувачка се секогаш видливи
  • - Aqua Watch – аларм функција за означување на невообичаени начини на потрошувачката на вода
  • - Економична регенерација поради прецизна салинизација
  • - USB интерфејс за пренесување на вредностите на
  • - Капацитет на резервоарот од 50kg за агенти за регенерација
  • - DVGW сертификација

 

 1.2.1 AQAperla seitlich d 1.2.1 AQAperla front d  1.2.1 AQAperla back d1.2.1 AQAperla front display d    1.2.1 AQAperla front befuellt d