Т: +389 2 5110 347

United KingdomGreat Britain  Macedonia

УВ Дезинфекција

Употреба на сончевата енергија наместо хемиски третман на вода

УВ стерилизациајта ги уништува бактериите природно

Фактот дека природните УВ зраци од сонцето маат бактерицидно дејство е докажано со следното набљудување: доколку вода во PET шишенца е изложена на сончева светлина, многу брзо е дезинфицирана. Ова е едноставна процедура позната како дезинфекација на соларната вода и се користи во многу земји во развој. 

За јавно и домашно снабдување со вода за пиење и потребите на идустријата со високи перформанси единиците на Bewades се опремени со најсовремени UVC ламби.

Ултравиолетовата светлина е со многу високо ниво на енергија и со бранова должина од 200-400 nm. Најефективните бранови должини за дезинфекција се 254 nm.

 

Како работи УВ дезинфекцијата?

Инактивација на патогени бактерии

Дезинфекцијата значи 99,99% намалување на патогени бактерии кои се присутни во вода. По изложеноста на UVC светлина со јачина од 400 J/m2 , генетските податоци (DNA) на бактериите и микроорганизмот се многу оштетени и не повеќе не можат да се репродуцираат. 

Нема да се генерираат штетни нус-производи и нема промена во хемијата на водата, вкусот, бојата и миризбата!