Сезоната на подготовка на зимница и подготовки за зимата започна. Студеното време, а со тоа и грејната сезона со климатските промени започнува ненадејно и одеднаш.
Доколку веќе имате топлински пумпи или друг вид на греење сега е крајно време да се подготвите за зима.
Споделуваме со вас неколку значајни чекори:
1. Направете редовен сервис на вашата топлинска пумпа
Професионалната проверка и сервисирање на топлинската пумпа ќе обезбеди сигурно работење во иднина, а ќе ја подобри и нејзината ефикасност. Ние во Енекс нудиме одлични пакети за одржување на топлинските пумпи и доколку одберете професионален сервис нашите експерти ќе го проверат и исчистат системот, ќе ја проверат состојбата на сите елементи и ќе ги прилагодат на оптимални услови. Со тоа ќе бидете сигурни дека топлинската пумпа ќе работи беспрекорно во текот на зимата, а воедно ќе има доволно време да се направат мали поправки и прилагодувања доколку е потребно.
2. Исчистете ги топлинските изменувачи за воздух
Чистиот воздух е од големо значење за работењето на топлинските пумпи. Наслаги од прашина, материи и ситни отпадоци може да се насоберат на топлиноизменувачите и да ја намалат ефикасноста во работењето на топлинските пумпи. Со едноставно чистење на филтрите или нивна замена доколку се дотрајани добивате подобра размена на енергија, а со тоа и поефикасно работење на топлинските пумпи воздух-вода.
3. Исчистете го просторот околу надворешната единица
Надворешната единица на топлинската пумпа треба да биде чиста, и да не биде опкружена со лисја, прашина, отпад или гранки. Проверете дали се е чисто во вашиот двор околу надворешната единица и средете го тоа што може да пречи во работењето на топлинската пумпа.
4. Оптимизирајте ја температурата
Оптимизирајте ги поставките на термостатот за да добиете оптимална температура во домот. Температурата треба да биде повисока во периодите кога престојувате во домот, а пониска кога не сте дома или спиете. Ќе заштедите на енергија и трошоци без да го нарушите комфорот на вашето живеење. Опцијата Навигатор на топлинските пумпи на iDM e идеален начин за оптимизација на температурата по период од денот и зоните на престој.
5. Запечатете ги местата каде поминува воздух
Промајата и најмалите процепи низ кои поминува воздух може значително да влијаат врз перформансите на топлинските пумпи. Проверете ги и запечатете ги овие пукнатини за да може да се намали сосема загубата на енергијата. Во подрачје како што е нашето со големи разлики во температурата често се јавуваат „воздушни џебови“ кои треба да се откријат и запечатат. Не заборавајте и да ги изолирате оние места во домот кои оставивте да ги завршите оваа година.
Подготовката на вашиот дом за зима подразбира и сервисирање и проверка на вашата топлинска пумпа или доколку немате сега е време да набавите. Тоа ќе ви обезбеди да имате топол, пријатен и енергетски ефикасен дом. Доколку ви треба нов енергетски ефикасен систем за греење и ладење, или за закажување на сервис на вашата топлинска пумпа побарајте нé на contact@eneks.mk
コメント